Се шири организирана измама преку Viber групи наменети за Македонци. Групите имаат бројки во името, познати се групи со 182 Дискусија за криптовалути, 793 Копање на крипто, 592 Крипто фокус и многу други наслови. Ако сте во која било ваква група каде се зборува за “DeFi рударење” и “Trust Wallet”, читајте внимателно.
Погледнете ги скриншотовите со лажните super admin профили и лажните dashboard-и.
Како функционира измамата:
Во групата се промовира “DeFi рударење” преку Trust Wallet, ветуваат дневен принос од 1.5% до 8%, што е техничски невозможно во која било легитимна инвестиција на светот.
Лажни профили и лажна заедница:
Сите “членови” кои споделуваат “успешни исплати” и “докази за заработка” се лажни акаунти или ботови кои работат по скрипта. Профилот “Дијана” која се промовира за контакт има британски број (+44) и сток фотографија и не е реална личност. Целата “дискусија” во групите е режирана.
Како точно ви ги земаат парите, постојат две методи:
Метода 1, Директна кражба: Ве убедуваат да депонирате USDC токени на адреса која тие ви ја даваат. Парите директно одат кај измамниците. Кога ќе се обидете да ги повлечете “заработките”, ви кажуваат дека треба прво да платите “такса”, “верификација” или “данок” и тоа е уште еден круг на кражба.
Метода 2, Потпишување на малициозен договор: Ве упатуваат да го поврзете вашиот паричник со лажна веб-страница. Со тоа потпишувате дозвола со која измамниците добиваат целосен пристап до вашиот паричник и можат да ги извлечат сите средства во секое време без ваша дополнителна потврда. Лажниот dashboard ви покажува убави бројки и “раст” за да ве задржи возбудени, да мислите дека се збогатувате, додека тие работат во позадина.
Кои стојат зад ова:
Со голема веројатност организирана криминална група од Југоисточна Азија (Мјанмар, Камбоџа, Кина) која истовремено таргетира десетици земји со локализирана содржина. Македонскиот јазик во групите е или AI-преведен или постои локален “регрутер” кој добива провизија. Веројатноста дека имаат локалци вклучени е огромна.
Можеби веќе постои ваков пост некаде, можеби Вашите блиски не се запознати со ова, но Ве предупредувам да ги известите.
Бидејќи сме народ што падна на TAT, Конти, УАН коин, Лионесс и сите останати, морав да пишам.
5 commenti
Заради филтерот морам да пишам тука:

https://preview.redd.it/ymre2xoxb9sg1.jpeg?width=1215&format=pjpg&auto=webp&s=f9a6fa723351e616f386e5af32756c013cf1ffa7
https://preview.redd.it/ib4a2n0zb9sg1.png?width=604&format=png&auto=webp&s=58583b52466f4cfe7031f8cfdf3ca7aa0502a479
https://preview.redd.it/tjxvj9n3c9sg1.png?width=744&format=png&auto=webp&s=44f0ddf95fa00e0eb18665403f5ff102a1c4983a
https://preview.redd.it/gbczf5vbc9sg1.png?width=1724&format=png&auto=webp&s=48178671cc0c334b98a5d15a1d58a6a6e6dd6abe